Nokia N96 - За N-Gage

background image

За N-Gage

N-Gage е мобилна платформа за играње

достапна за широк опсег на компатибилни Nokia

мобилни уреди. Можете да пристапите до N-Gage

игри, играчи, и содржини преку N-Gage

апликацијата на Вашиот уред. Можете исто така

да даунлоадирате игри и да пристапите до некои

функции на Вашиот компјутер на страницата

www.n-gage.com.
Со N-Gage, можете да даунлоадирате и да

купувате игри, и да ги играте сами или со Вашите

пријатели. Можете да даунлоадирате времено

ограничени игри за да пробате нови игри, и да ги

купувате оние што ви се допаѓаат. N-Gage исто

така обезбедува начин за да бидете во контакт

со други играчи, и да ги следите и споделувате

Вашите резултати и други играчки

достигнувања.
За да користите N-Gage, потребна Ви е GPRS или

3G конекција. Ако е достапна може да користите

и WLAN. Конекцијата Ви е потребна исто така за

да пристапите на online ускугите како што се

даунлоадирање на игри, лиценци за игри,

мултиплеер играње, или за разговор.

Конекцијата исто така Ви е потребна за да

учествувате во online мултиплеер игрите, или за

да испратите пораки на други играчи.
Сите N-Gage услуги, каде што е потребна

конекција до N-Gage серверите, како што се

даунлоадирање на датотеки на игри, купување

игри, онлајн игри, мултиплеер играње,

креирање некое име на играч, чет, и пораки,

34

Ва

ш

ио

т ур

ед

background image

вклучуваат пренос на големо количество на

податоци.
Вашиот обезбедувач на услуги ќе Ви наплати за

преносот на податоците. За повеќе информации

во врска со плановите за пренос на податоци,

контактирајте го Вашиот обезбедувач на

мобилни услуги.