Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и
изработка и кон него треба грижливо да се
однесувате. Следниве сугестии ќе Ви помогнат да
ја заштитите важечката гаранција.
●
Чувајте го уредот сув. Преципитацијата,
влажноста и сите типови на течности и влага
може да содржат минерали што ќе ги
кородираат електронските кола. Ако Вашиот
уред сепак се навлажни, отстранете ја
батеријата и оставете уредот целосно да се
исуши пред да ја смените.
●
Не го користете или чувајте уредот во
прашливи, нечисти места. Неговите подвижни
делови и електронски компоненти може да се
оштетат.
●
Не го чувајте уредот на топли места. Високите
температури може да го намалат векот на
електронските уреди, да ги оштетат батериите
или да искриват или растопат одредени
пластични делови.
●
Не го чувајте уредот на студени места. Кога
уредот се враќа на нормална температура, во
внатрешноста на уредот може да се формира
влага и да ги оштети плочките на
електронските кола.
●
Не се обидувајте да го отворите уредот на друг
начин освен како што е наведено во ова
упатство.
●
Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.
Грубото ракување може да ги скрши
внатрешните плочки на колата и прецизната
механика.
Хард драјвовите се кршливи делови со кои
мора да се ракува со претпазливост. Сите
удари предизвикани од шок, вибрации,
ударање и испуштање; друго лошо ракување
со уредот; екстремни температури; влажност
и течности може да предизвикаат хард
драјвот да не функционира правилно и некои
податоци може да бидат изгубени или
оштетени.
●
Не користете груби хемикалии, раствори за
чистење, или јаки детергенти за чистење на
уредот.
●
Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги
заглави подвижните делови и да спречи
правилно функционирање.
217
Гр
ижа
и
одржување
●
Користете мека, чиста, сува ткаенина за
чистење на било кои леќи, како што се
камерата, и леќите на сензорот за близина.
●
Користете ја само антената што е приложена
или нејзина одобрена замена. Неодобрените
антени, модификации или приклучоци може
да го оштетат уредот и да ги прекршат
правилата кои важат за радио уреди.
●
Користете ги полначите во затворен простор.
●
Секогаш направете резервна копија на
податоците што сакате да ги зачувате, како
што се контакти и белешки од календарот.
●
За да го ресетирате уредот од време на време
за оптимални перформанси, исклучете го
уредот и отстранете ја батеријата.
Овие сугестии се однесуваат подеднакво на
Вашиот уред, батерија, полнач или било кој
додаток. Ако било кој уред не работи правилно,
однесете го до најблискиот овластен сервис.