За домашна мрежа
Вашиот уред е компатибилен со Universal Plug
and Play (UPnP) и е сертифициран од Digital Living
Network Alliance (DLNA). Можете да користите
некој уред со безжична LAN (WLAN) пристапна
точка или некој WLAN рутер за да креирате
домашна мрежа. Тогаш можете да поврзувате
UPnP уреди кои што поддржуваат WLAN на
мрежата. Компатибилните уреди може да бидат
Вашиот мобилен уред, некој компатибилен
компјутер, звучен систем, или телевизија, или
некој компатибилен безжичен мултимедија
приемник поврзан со некој звучен систем или
некоја телевизија.
Можете да споделувате и синхронизирате медиа
датотеки зачувани во Вашиот мобилен уред со
други компатибилни UPnP и DLNA
сертифицирани уреди користејќи ја домашната
мрежа. За да ја вклучите функционалноста на
домашната мрежа и да управувате со
прилагодувањата, одберете
>
Tools
>
Connectivity
>
Home media
. Можете исто така
да ја користите апликацијата Домашна медиа за
да гледате и пуштате медиа датотеки од уреди
на домашна мрежа на Вашиот уред или на други
компатибилни уреди како што се компјутер,
звучен систем, или телевизија.
За да ги видите Вашите медиа датотеки во друг
уред од домашната мрежа, во Фотографии,
одберете датотека,
Options
>
Show via home
network
, и уредот.
За да ја користите функцијата за WLAN на Вашиот
уред во домашна мрежа, мора да имате исправни
домашни прилагодувања за WLAN конекција и
имате други вклучени UPnP домашни уреди за да
се поврзете на истата домашна мрежа.
По прилагодувањето на Вашата домашна мрежа
можете да споделувате фотографии, музика, и
видео со Вашите пријатели и фамилија дома.
Исто така можете да ги зачувувате Вашите медиа
содржини на некој сервер за медиа или да
превземате медиа датотеки од некој
компатибилен домашен сервер. Можете да
пуштате музика зачувана во Вашиот уред
користејќи некој DLNA серттифициран домашен
стерео систем, контролирајќи ги плејлистите и
нивоата на јачината на звукот директно од
Вашиот уред. Можете исто така да ги гледате
сликите направени со камерата на Вашиот уред
98
Домашна
мрежа
на некој компатибилен ТВ екран, сите
контролирани со Вашиот уред преку WLAN.
Домашната мрежа ги користи безбедносни
прилагодувања на WLAN врска. Користете ја
услугата за домашна мрежа во WLAN мрежна
инфраструктура со уред за WLAN пристапна
точка и вклучена енкрипција.
Вашиот уред е поврзан на домашната мрежа
само ако Вие прифаќате барање за конекција од
друг компатибилен уред, или одберете ја
опцијата за да гледате, пуштате, или копирате
медиа датотеки на Вашиот уред или да
пребарувате за други уреди.