Вклучете го уредот
1.
Притиснете и задржете го копчето за
вклучување.
2.
Доколку уредот побара
PIN код или код за
заклучување, внесете го
и притиснете го левото
копче за одбирање.
Фабричкото
прилагодување за кодот
за заклучување е 12345.
Вашиот уред може да има
внатрешни и надворешни
антени. Како и со било кој
радио предавателен уред,
не ги допирајте областите на антената
непотребно додека антената емитува или прима.
Контактот со таквата антена влијае на
квалитетот на комуникацијата и може да
предизвика уредот да работи на повисоко ниво
на енергија отколку што вообичаено е потребно
и може да го намали животниот век на
батеријата.
1
— Мобилна антена
2
— Антена за Bluetooth технологија, безжична
LAN, и DVB-H; GPS ресивер
Имајте на ум дека Bluetooth, WLAN, GPS, и DVB-H
антените се лоцирани во задниот поклопец на
Вашиот уред. Доколку го заменувате задниот
поклопец, проверете дали новиот поклопец ги
вклучува антените, инаку овие конекции ќе
престанат да работат.