![background image](https://i.helpdoc.net/Nokia N96/mk/Nokia N96_mk075.png)
За камерата
Вашиот Nokia N96 има две камери. Главната,
камера со висока резолуција (се до 5
мегапиксели), се наоѓа на задната страна на
уредот. Секундарната, камера со помала
резолуција се наоѓа од предната страна. Можете
да ги користите двете камери за да
фотогафирате и да снимате видео клипови.
Вашиот уред поддржува правење на слики со
резолуција од 2592x1944 пиксели. Резолуцијата
на сликите во ова упатство може да изгледа
различно.
Сликите и видео клиповите автоматски се
зачувуваат во Фотографии.
Видете
"Фотографии" стр. 88.
Камерите произведуваат
слики во JPEG формат. Видео клиповите се
снимаат во MPEG-4 форматот на датотеки со
наставката.mp4, или во 3GPP форматот на
датотеки со .3gp наставката на (квалитет за
споделување).
Видете "Видео
прилагодувања" стр. 87.
За да ослободите меморија за нови слики и видео
клипови, префрлeте датотеки на компатибилен
компјутер со користење на компатибилен USB
кабел за податоци, на пример, и отстранувате ги
датотеките од Вашиот уред. Уредот Ве
информира кога меморијата е полна. Тогаш
можете да ослободите меморија во
моменталното складирање или променете ја
меморијата што се користи.
Можете да испраќате слики и видео клипови во
мултимедијална порака, како прилог во e-mail,
или со користење на други методи за конекција,
како што се Bluetooth конективност или
безжична LAN конекција. Исто така можете да ги
ставите на компатибилен online албум.
Видете "
Споделувајте слики и видеа online " стр. 95.