
Гласовно бирање
Вашиот уред поддржува подобрени гласовни
команди. Подобрените гласовни команди не се
зависни од гласот на говорникот, така да не
треба да се снимаат однапред гласовни ознаки.
Уредот креира гласовен запис за записите во
контакти, и со тоа го споредува изговорениот
гласовен запис. Препознавањето на говор во
уредот се адаптира на гласот на главниот
корисник за подобро да ги препознава
гласовните команди.
Гласовниот запис за некој контакт е името или
прекарот што е зашуван на контактната
картичка. За да го слушнете синтетизираниот
гласовен запис, отворете некоја контактна
картичка и одберете
Options
>
Play voice tag
.
165
Остварување
на
по
виц
и

Остварете повик со гласовен запис
Забелешка: Користењето на гласовни
ознаки може да биде тешко во бучно
опкружување или за време на итен случај, затоа
не можете да се потпрете исклучиво на гласовно
бирање во сите околности.
Кога го користите гласовното бирање, се користи
звучникот. Држете го уредот на кратко
растојание кога ќе го изговорите гласовниот
запис.
1.
За да започнете гласовно бирање, во standby
режимот, притиснете и задржете го десното
копче за одбирање. Доколку користите
компатибилни слушалки со копчето
прикачено на слушалката, притиснете и
задржете го копчето на слушалката за да
започнете гласовно бирање.
2.
Се слуша краток тон, и
Speak now
се
покажува на екранот. Кажете го јасно името
или прекарот што е зачувано на контактната
картичка.
3.
Уредот репродуцира синтетизиран гласовен
запис за препознаениот контакт во избраниот
јазик на уредот и се покажува името и бројот.
Ако не сакате да го повикате тој контакт,
одберете
Next
во рок од 2.5 секунди за да
видите листа од другите соодветници или
Quit
за да го откажете гласовното бирање.
Доколку се зачувани неколку броеви под истото
име, уредот го одбира стандардниот број, ако тој
е наместен. Ако не се, уредот го одбира првиот
достапен број во картичката за контакт.