форматирање на масовната меморија. Можете
да користите Nokia Ovi Suite или Nokia Nseries PC
Suite за да направите резервни копии на
податоците на компатибилен
компјутер.Технологиите на digital rights
management (DRM) може да спречат некои
резервни копии на податоци да бидат
повратени. Контактирајте со Вашиот
обезбедувач на услуги за повеќе информации
за DRM што се користи за Вашите содржини.
За да форматирате масовна меморија, одберете
Options
>
Format mass memory
. Не ја
форматирајте масовната меморија користејќи
компјутерски софтвер бидејќи ова може да ги
намали перформансите.
Форматирањето не гарантира дека сите
доверливи податоци зачувани во масовната
меморија на уредот трајно се уништени.
Стандардното форматирање само ја означува
форматираната област како достапен простор и
ја брише адресата за повторно пронаоѓање на
датотеките. Обновувањето на форматираните
или дури и на податоците врз кои повторно е
зачувувано може сеуште да е можно со
специјални алатки и софтвер за повраќање
датотеки.