![background image](https://i.helpdoc.net/Nokia N96/mk/Nokia N96_mk154.png)
Пошта за Размена
Со Пошта за размена, можете да ја примите
Вашата e-mail на работа на Вашиот Nokia N96 .
Можете да го прочитате Вашиот e-mail,
прикажете ги изменете ги прилозите, прикажете
ги белешките од календарот, прикежете
информации од календарот, примајте и
одговарајте на барања за состаноци,
закажувајте состаноци и изменувајте
информации за контакт. Поштата за размена
може да биде наместена само ако Вашата
компанија има Microsoft Exchange Server.
Дополнително, IT администраторот на Вашата
компанија мора да има активирано Пошта за
размена за Вашата сметка.
Пред да започнете со инсталација на Пошта за
размена, осигурете се деока го имате следново:
●
ID за корпоративен e-mail
●
Корисничко име за мрежата за Вашата
канцеларија
●
Лозинката за мрежата за Вашата канцеларија
●
Името на доменот на Вашата мрежа
(контактирајте со IT одделот во Вашата
компанија)
●
Името на серверот за Поштата за размена
(контактирајте со IT одделот во Вашата
компанија)
Во зависност од конфигурацијата на серверот за
Поштата за размена на Вашата компанија,
можеби ќе треба да внесете други информации
како дополнување на тие на листата. Ако не ја
знаете точната информација, контактирајте со IT
одделот на Вашата компанија.
154
Пораки
![background image](https://i.helpdoc.net/Nokia N96/mk/Nokia N96_mk155.png)
Со Пошта за размена, користењето на кодот за
заклучување може да биде задолжително.
Стандардниот код за заклучување на Nokia N96 е
12345, но IT администраторот на Вашата
компанија може да има наместено кој ќе го
користите.
Во зависност од Вашата компанија,
инсталацијата на Поштата за размена може да Ви
покаже различни информации во текот на
процесот на прилагодување. Прочитајте ги
информациите, и одберете
Continue
,
OK
,
Next
,
или
Yes
за да продолжите.
За да инсталирате Пошта за размена
1.
Во домашниот екран, скролувајте до e-mail
помошникот и притиснете го копчето за
скролување.
2.
Одберете
Start e-mail setup
.
3.
Прочитајте ги информациите на екранот, и
одберете
Start
.
4.
Одберете
Yes
за да дозволите Вашиот уред да
пристапи на мрежата.
5.
Внесете ја Вашата e-mail адреса, и одберете
OK
.
6.
Внесете ја лозинката, и одберете
OK
.
7.
Внесете го Вашето корисничко име, и
одберете
OK
.
8.
Одберете Пошта за размена.
9.
Внесете го името на доменот за Вашата
мрежа, и одберете
OK
.
10.
Внесете го името на серверот за Поштата за
размена, и одберете
OK
.
11.
Одберете
Yes
за да ја инсталирате
апликацијата Пошта за размена на Вашиот
уред.
По инсталирањетп, можете да креирате Ваш
профил за Пошта за размена со промена на
прилагодувањата. Меѓутоа, во зависност од
Вашата компанија, профилот може да се креира
автоматски.