Надградба на софтвер
Nokia може да произведе надградби на софтвер
кои што можат да нудат нови карактеристики,
подобрени функции, или подобрени
перформанси. Вие ќе можете да ги побарате
овие надградби преку апликацијата Nokia
Software Updater PC. Надградбите на софтверот
може да не се достапни за сите производи или
22
Пронајди
по
мош
нивните варијанти. Сите оператори може да не
ги одобруваат најновите достапни верзии.
За да го надградите софтверот во уредот,
потребна Ви е апликацијата Nokia Software
Updater и некој компатибилен компјутер со
Microsoft Windows XP или Vista оперативен
систем, широко-појасен интернет пристап, и
некој компатибилен кабел за податоци за да го
поврзете Вашиот уред со компјутерот.
Предупредување: Ако инсталирате
надградба на софтвер, не можете да го користите
уредот, дури ни за остварување на итни повици,
се додека инсталацијата не е завршена и уредот
е рестартиран. Осигурајте се дека сте направиле
резервни копии на податоците пред да ја
прифатите инсталацијата на надградбата.
За да добиете повеќе информации и да ја
даунлоадирате апликацијата Nokia Software
Updater, посетете www.nokia.com/
softwareupdate или Вашата локална Nokia web
страница.
Ако надградбите на софтвер преку мрежата е
поддржано од страна на Вашата мрежа, можете
исто така да ги побарате надградбите преку
уредот.
Совет: За да ја проверите верзијата на
софтверот во Вашиот уред, внесете
*#0000# во standby режимот.